TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

🎥 ГЕЈ ПАРАДАТА СЕ СПОИ СО СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ Во Белград се вееше и транспарент „Студентите победуваат“

+инфо - 06.09.2026

Врската меѓу ЛГБТ-активистите и студентското движење не е нова. Уште на протестот на „Квир збор“ на 30 јуни низ Белград беа носени два големи транспаренти – „Има место за сите нас“ и „Студентите победуваат“. Претставниците на ова движење тогаш јавно соопштија дека ги поддржуваат ...

(Видео) Белградскиот Прајд се спои со студентските протести: „Студентите победуваат“

Скопје1 - 06.09.2026

Белградската Парада на гордоста годинава доби изразена политичка порака, откако во колоната се приклучија студенти и поддржувачи на студентското движење, а беше истакнат и транспарентот „Студентите победуваат, излези и гласај“.

Марш за права под притисок: Полицијата спречи инциденти на Прајдот во Белград

Трн - 05.09.2026

Поворката мина покрај црковни ѕвона и провокации, додека полицискиот кордон пред Собранието мораше да реагира на обиди за пробивање. Со полициска интервенција кај Собранието и вербални судири кај Вознесењската црква, во саботата во Белград се одржа овогодишниот Прајд марш под ...

Се одржа парадата на гордоста во Белград: Нема пријавени инциденти, продолжува со концерт

Рацин - 05.09.2026

Парадата на гордоста се одржа денес во центарот на Белград, во рамките на Неделата на гордоста, која оваа година се одржува под слоганот „Има место за сите нас“. Собирот на учесниците започна во 16 часот во паркот Мањеж, додека прошетката започна еден час подоцна.

Започна Прајд маршот во Белград: Исти барања по четврт век борба

Трн - 05.09.2026

Поворката тргна од паркот Мањеж опкружена со полициски кордони, додека активистите порачуваат дека правната невидливост мора да запре. Илјадници граѓани и активисти попладнево маршираат низ централните белградски улици во рамки на овогодишниот Прајд марш, организиран под ...

ГЕЈ ПАРАДАТА СЕ СПОИ СО СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ: Во Белград се вееше и транспарент „Студентите победуваат“

iNFOMAX - 06.09.2026

Белградската Парада на гордоста годинава доби силна политичка димензија и практично се спои со повеќемесечниот студентски протестен бран во Србија. На Прајдот, кој во саботата се одржа под слоганот „Има место за сите нас“, се појавија студенти и поддржувачи на студентското ...

„Има место за сите нас“: Белградскиот Прајд со иста порака по 25 години

Трн - 05.09.2026

Четврт век по првиот крвав обид за парада во Белград, заедницата маршира со идентични барања за закон за истополови заедници. Белградскиот Прајд попладнево маршира низ српската престолнина под слоганот „Има место за сите нас“, одбележувајќи точно 25 години од првиот обид за ...

Без пријавени инциденти: Парадата на гордоста се одржа во Белград

Скопје1 - 05.09.2026

Парадата на гордоста денеска се одржа во центарот на Белград, во рамки на Неделата на гордоста, која годинава се одржува под слоганот „Има место за сите нас“. Собирот на учесниците започна во 16 часот во паркот Мањеж, а прошетката започна еден час подоцна.