Единаесет земји од ЕУ бараат да се истражи можноста одлуките за надворешна политика да се донесуваат со квалификувано мнозинство наместо едногласно, со цел да се надминат „опструктивните“ вета што го блокираа дејствувањето на ЕУ во последните години.
11 членки на Европската Унија побараа промена на начинот на кој се носат дел од одлуките во заедничката надворешна и безбедносна политика, со цел една држава потешко да може да го блокира дејствувањето на целиот блок.
11 земји членки на Европската Унија побарале од високата претставничка на Унијата, Каја Калас, да го промени начинот на кој се носат одлуките за надворешната политика. Во моментов, за многу важни прашања потребно е да се согласат сите 27 земји членки на ЕУ.