Во Република Српска и Босна и Херцеговина, моментално се активни пожари помеѓу Билеќа и Гацко, Требиње, Трново и Томиславград, додека во Северна Македонија се гаснат четири отворени пожари, објавија денес локалните власти.
Далмација денеска изутрина се разбуди во облак од чад и мирис на запалено. Локалниот 112 доби зголемен број повици од загрижени граѓани. Сепак, се покажа дека ова се последици од голем пожар што гори во близина на Мостар во соседна Босна и Херцеговина.
Хрватската влада одобри испраќање два авиона „Канадер“ за помош на соседна Босна и Херцеговина во борба против шумски пожар што го зафати подрачјето помеѓу Купрес, Томиславград и Прозор-Рама. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ разговараше телефонски порано денеска со ...