Членот на СДСМ кој изразува незадоволство од сегашното раководство на партијата, Петре Шилегов не гледа никакво влијание од изборите во Србија врз Македонија. Според него, компарирањето на Македонија и Србија претставува, како што вели, класична политичка неписменост.
Поранешниот градоначалник на Скопје и член на СДСМ, Петре Шилегов, реагира на споредбите меѓу политичките случувања во Србија и Македонија, оценувајќи дека станува збор за две различни политички и геополитички реалности.
Во објава посветена на состојбите во македонската политика, авторот упати остри критики кон раководството на СДСМ, оценувајќи дека споредувањето на политичките случувања во Македонија и Србија е погрешно поради значајните геополитички разлики меѓу двете држави.