Останува и дилемата , според кој вредносен систем партиите ќе ги бираат новите кадри, кој е за министер , а кој за директор или останува онаа познатото, овој е наш, овој идеше на митинзи, овој лепеше плакати и носеше транспаренти и донираше за партиската каса.За ова нема дебата.
Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, изјави дека анализата на работењето на функционерите на партијата покажала дека тие се во рамките на спроведувањето на владината програма, додека за владината реконструкција рече дека сè уште нема конечен договор за ниту едно прашање и дека ...
Се уште нема дефинитивен договор меѓу партнерите во власта околу реконструкцијата на Владата која се интензивира овие денови. ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не си пружиле рака по синоќешните интезивни разговори во седиштето на партијата на Максим Димитриевски.
Под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија започнува серија регионални панел-дискусии и отчетни трибини, проследени со непосредни средби и отворен дијалог со граѓаните.