Марија Шерифовиќ објави фотка од плажа со синчето Марио, но и од погледот кој го има од луксузниот ресорт во кој престојува, со поглед кон Которскиот залив, каде една ноќ чини околу 500 евра и напиша: „Нова адреса за летни спомени“.
На социјалните мрежи, Марија објави емотивни фотографии од семејниот одмор. На една од нив нежно го прегрнува малиот Марио додека уживаат на плажа, а на преостанатите го открива спектакуларниот поглед од луксузниот ресорт во кој престојуваат.
Српската пејачка Марија Шерифовиќ го живее животот до максимум. Пејачката дефинитивно стигнала до фазата од животот кога може сè да прави како што сака, а како што можете да видите, тоа го комбинира многу добро.