Секое општество сака да се претстави како отворено кон новото. Говори за креативност, иновација, слободна мисла и индивидуалност, ги слави големите имиња од минатото и со задоволство ги наведува како доказ за сопствената културна зрелост.
Не мора да забраниш едно дело за да го отстраниш од јавноста. Не мора да ја запалиш книгата, да ја симнеш сликата од ѕидот, да го забраниш филмот, да ја уништиш композицијата или јавно да го нападнеш авторот. Понекогаш е доволно нешто многу потивко и многу поефикасно: да ...