Најголемата египетска фудбалска ѕвезда, Мохамед Салах, со посебни емоции го игра вечерашниот натпревар со Белгија. На Салах ова веројатно му е последно Светско првенство во кариерата, а денеска му е роденден, полни 34 години.
На вториот денешен меч на Светското првенство играат Белгија и Египет, репрезентациите кои имаат интересна историја во меѓусебните дуели. Имаат одиграно четири меча, а изненадувачки, дури трипати победувал Египет.
Кевин де Бројне ја прифаќа својата улога како еден од највозрасните репрезентативци во селекцијата на Белгија, истакнувајќи дека чувствува оти може целосно да ужива во своето четврто и речиси сигурно последно Светско првенство.