По неколку рочишта, денеска заврши сведочењето и испитувањето на вештакот на одбраната на дел од обвинетите, Петре Русески. Според вештакот, обејктот бил граден согласно техничката документација, а состојбата на „Пулс“ не била причина за настанување на пожарот.
Здружението на родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани изрази јавна поддршка за Јавното обвинителство и неговото постапување на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица.
Ниту еден претставник на градежната компанија „Венци проект“, која ги изведувала градежните зафати во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска не се појави на судското рочиште за трагедијата во која загинаа 63 лица.
Со дополнителни и вкрстени прашања на одбраната за вештакот Петре Русески денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.