Иако американскиот претседател Доналд Трамп за време на кампањата за вториот мандат се претставуваше како заштитник на слободата на изразувањето, ветувајќи ставање крај на „владината цензура“, серија судски пресуди покажаа спротивна практика, пишува Reuters .
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прекршила Првиот амандман од Уставот на САД, кој ги гарантира слободата на говор, вероисповед и печат, во најмалку 75 случаи, покажува анализата на агенцијата „Ројтерс“.