Возачите во Македонија се пред нов ценовен удар. Регулаторната комисија за енергетика во понеделник, 20 јули, треба да ја објави редовната пресметка за бензините и дизелот, а движењата на меѓународните пазари укажуваат дека цените повторно ќе одат нагоре.
Од утре се најавува нов раст на цените на горивата, а премиерот Христијан Мицкоски рече дека сè уште нема точна пресметка колкаво ќе биде новото зголемување, но како причини ги посочи повисоките цени на нафтата на светските берзи и курсот на доларот.
Глобалните тензии на Блискиот Исток повторно се очекува да се одразат врз цените на горивата, а Владата најавува мерки за ублажување на ударот врз граѓаните преку намалување на акцизите. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по последната ескалација во Персискиот Залив, каде ...
Кога горивата поскапуваат, Македонија веднаш гледа колку е мала пред големите светски потреси. Еден нов удар врз нафтата, една нова нервоза на Блискиот Исток, еден посилен долар – и македонскиот резервоар повторно станува политичка, економска и семејна тема.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива. – Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и ...