Повеќе од 600 илјади верници се собраа во Париз на миса со папата Лав XIV, во рамките на неговата четиридневна посета на Франција. Плоштадот Конкорд и околните улици беа преполни со верници кои уште пред зори пристигнаа со ватикански знамиња.
Папата Лав XIV денеска ги повика француските и светските лидери да не останат рамнодушни кон војните и страдањата на Блискиот Исток, да го промовираат дијалогот и дипломатијата и Франција да остане „неуморен шампион на мирот“.
Папата Лав XIV ја продолжува својата посета на Франција денескасо голема миса во Париз, каде што се очекуваат неколку стотици илјади верници. Според Католичката црква, околу 600.000 луѓе се пријавиле за учество на мисата на Плоштадот Конкорд.