Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека со завршувањето на реконструкцијата на терминалната зграда и помошните простории, Охридскиот аеродром добива значително подобри услови и подобро искуство за патниците.
Во Охрид денеска ќе биде пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром. На отворањето ќе присуствуваат Серкан Каптан, извршен директор на ТАВ Аеродроми, премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ кој почна да се реконструира кон средината на јули денес официјално ќе биде пуштен во употреба. ТАВ Македонија која стопанисува во двата аеродрома во земјава инвестираше 2,7 милиони евра за реконструкција на овој аеродром.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека со завршувањето на реконструкцијата на терминалната зграда и помошните простории, Охридскиот аеродром добива значително подобри услови и подобро искуство за патниците.
Во Охрид денеска ќе биде пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром. На свеченото отворање ќе присуствуваат извршниот директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан, премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.