Еден студент кој работел на градилиште во Белгија во текот на летото, наишол на вистинско богатство. Осумнаесетгодишниот Кобе, копал ровови за канализацискиот систем, кога нашол злато во вредност од девет милиони евра .
Богатството е пронајдено пред четири дена за време на реновирањето на објект во градот Дендермонде, во Источна Фландрија. Полицијата соопшти дека работниците ги повикале откако откриле „големо количество злато“.
Градежни работници во Белгија пронајдоа 49 златни полуги и стотици златници вредни околу 10,4 милиони долари (9 милиони евра) додека копале канал за канализација под поранешна пивара во Дендермонде. Работниот ден прераснал во филмска приказна кога бургијата заглавила во ѕидот од ...