Под влијание на циклонска активност, од денеска до средина на следната недела времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни со над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, ...
Македонија е зафатена од изразена циклонска активност која донесе целосен пресврт на временските прилики, означувајќи го крајот на стабилниот период. Според официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето во наредните денови ќе биде променливо ...
Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, каде што минималната температура се спушти до 8 степени Целзиусови. Во Велес утринската температура изнесувала 15 степени, а според прогнозата, во текот на денот и во овој град се очекуваат врнежи од дожд.
Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд.