Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на Бледскиот стратешки форум порача дека членството во ЕУ и во НАТО е клучно за безбедноста и за стабилноста на регионот, објави „РТВ Словенија“ .
Press24 - Проверено - 24 Вести - Национално
Марта Кос порача дека ЕУ мора јасно да покаже дека е подготвена за проширување. Црна Гора и Албанија се издвојуваат како водечки кандидати. Кандидатите за членство во Европската Унија мора да добијат јасен сигнал дека ЕУ сериозно мисли на проширувањето и дека е подготвена за ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на министерската сесија „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, одржана во рамките на Бледскиот стратешки форум.
Македонија го продолжува патот за рамноправна членка на Европската унија. Во овој контекст е и изјавата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, од Бледски стратешки форум дека проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан денеска е поитно од кога било порано.