Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека транзицијата на Европа кон поскапи извори на енергија наместо руски гас ќе го забрза губењето на нејзиниот економски потенцијал и ќе доведе до пад на конкурентноста на Европската Унија.
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека денес Европа влегува во ера на целосна енергетска независност од Русија, откако Европејците постигнаа договор за прекин на увозот на руски гас до есента 2027 година.
Претставници на Данското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор околу текстот на Предлог-регулативата за постепено укинување на увозот на руски природен гас во Европската Унија.
Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулатива со која се воведува правно обврзувачка, фазна забрана за увоз на руски течен природен гас (LNG) и гас преку гасовод, со целосна забрана од крајот на 2026 година и есента 2027 ...