За време на речиси 40-дневната операција „Епски гнев“ и нападите што уследија, САД потрошиле огромни количества скапо оружје. Според американската влада, досегашните трошоци од војната достигнале 37,5 милијарди долари, при што најголемиот дел отпаѓа на ракети и на друга муниција.
Слободен Печат - ТВ21 - Скопје1 - 360 степени - +инфо - iNFOMAX
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега ги запрел најновите напади врз Иран за да им даде уште една можност на тековните преговори. „Водиме многу сериозни разговори со Иран“, изјави Трамп за веб-страницата Аксиос.
Пулс24 - Независен - Скопско Ехо - Фокус - Проверено - Макфакс
САД ја одложија големата кампања на воздушни напади против Иран, која можеше да трае до две недели, за да им дадат шанса на дипломатските напори за повторно отворање на Ормуската Теснина, поради загриженоста за американските залихи на ракетни пресретнувачи.
Регионалните медијатори на Блискиот Исток постигнаа напредок во напорите да ги вратат САД и Иран на преговарачка маса по неколку недели ескалација на тензиите, изјавија двајца неименувани функционери запознаени со разговорите.