Без грам шминка и со природен изглед, Наташа покажа дека самодовербата е нејзиниот најдобар моден додаток. Во впечатливи костими за капење, насмеана и опуштена, таа позира на плажа, се сонча, ужива во возење со брод и наздравува со чаша вино.
„Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и за куќичка на плажа... Деновиве навистина живееме токму така“, сподели Наташа Беквалац која повторно е на одмор со сестра ѝ Кристина.