Фудбалерите на Пари Сен Жермен приредија вистинска гол-експлозија на гостувањето кај Виљареал, откако во првите 17 минути од натпреварот од петтото коло на Лигата на шампионите, четири пати ја затресоа мрежата на домаќините.
Лигата на шампионите понуди една од најлудите вечери во историјата на ова натпреварување, обележана со рушење на неколку значајни рекорди. Најголемо внимание привлече актуелниот европски првак ПСЖ, кој со немилосрдна игра го збриша Вилјареал на нивни терен.
Фудбалерите на Пари Сен Жермен поставија нов рекорд во Лигата на шампионите, станувајќи најбрзиот тим во историјата на турнирот кој постигнал четири гола на еден натпревар . На гостувањето против Виљареал на „Естадио де ла Керамика“, францускиот тим ја наполни мрежата за само 16 ...