Продолжи расправата за ребалансот на буџетот. Опозицијата критикува дека прекројувањето на државната каса е признание дека Владата потфрлила во планирањето и дека тоа ќе значи дополнително зголемување на јавниот долг и на дефицитот.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи расправата за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година во второ читање. Станува збор за трет ден од општата расправа во матичната комисија, по чиј завршеток ќе следува разгледување на поднесените амандмани.
На денешната прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, изјави дека нема да го поддржи предложениот ребаланс на Буџетот, оценувајќи дека тој не нуди развој, повисоки плати и економска стабилност, туку носи нови задолжувања, повисока инфлација и ...