Помалку гужви, попријатни температури и потопли мориња се главните причини зошто многу искусни патници го избираат овој дел од летото за својот одмор. Кога планираат летен одмор, повеќето луѓе автоматски помислуваат на јули и првата половина на август.
Иако најголем дел од туристите летниот одмор го планираат во јули или почетокот на август, сè повеќе искусни патници ја избираат втората половина на август како идеален период за летување. Главните причини се попријатните температури, потоплото море и значително помалите гужви.