Во Србија, согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, употребата на зимска опрема и поставувањето зимски гуми на сите четири тркала се задолжителни во периодот од 1 ноември до 1 април, секогаш кога на коловозот има снег, мраз или голомразица.
Од 15 ноември до 15 март сите возила што учествуваат во сообраќајот во Македонија мора да имаат пропишана зимска опрема, без оглед на тоа дали има снег или ниски температури. Возачите во Македонија имаат уште малку време да ги подготват возилата за зимските услови.