Министерството за финансии информира дека издавањето на државните хартии од вредност коишто од денеска котираат на официјалниот пазар на Македонска берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот Буџет и Ребаланс за 2026 година во Собранието.
Државата во првите седум месеци од годинава собрала речиси 118 милијарди денари од даноци, што е за 10 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Најсилен раст има кај данокот на добивка, ДДВ, персоналниот данок и царинските давачки.
Министерството за финансии соопшти дека државните хартии од вредност кои од денеска котираат на официјалниот пазар на Македонската берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар, предвидено со Буџетот и Ребалансот за 2026 година, пренесе МИА.
Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година, соопшти Министерството за финансии. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното.