Барселона го доби потписот на Родри, односно само рутинските прегледи го делат шпанскиот шампион од официјална промоција на најдобриот играч на последниот мундијал, а дел од шпанската стручна јавност има интересен став околу причините за изборот на својот следен клуб од страна ...
Навивачите на Барселона вчера имаа задоволство да го проследат пристигнувањето на Родри и Жоао Кансело, двајца фудбалери кои од различен аспект имаат голема важност за екипата и тренерот Ханси Флик. Кансело конечно ја заврши етапата во Саудиска Арабија и потпиша договор со ...
Долго најавуваниот трансфер на Родри во Барселона е пред сама официјализација, откако искусниот играч за врска вчера пристигна во Каталонија и во текот на денешниот ден треба да ги комплетира сите формалности пред потписот.
Родри пристигна во Барселона, а веднаш по слетувањето ги сподели првите впечатоци. „Сон е да се игра за Барса. Сега одиме по Лигата на шампионите и по сè останато што ќе ни се најде на патот“, порача шпанскиот репрезентативец.
Барселона и Манчестер Сити постигнаа начелен договор за трансферот на шпанскиот репрезентативец Родри во висина од 76,5 милиони евра. Ова претставува еден од најголемите трансфер потези ова лето, со кој каталонскиот гигант носи врвно засилување во средниот ред.