Студентите во Тирана најавија нов протест пред парламентот за утре, 22 октомври, во 9 часот, откако денешниот, деветти ден од антивладините демонстрации, по повеќечасовни мирни собири во текот на денот премина во ноќ со нови инциденти во вечерните часови.
Вечер Прес - 360 степени - Трн - Бриф - Рацин - Проверено
Осми ден по ред во Тирана се одржуваат антивладини демонстрации. Денешниот собир беше хаотичен, при што демонстрантите фрлија неколку молотови коктели кон зградата на албанската влада. Ова предизвика пожар, поради што беше потребна интервенција на пожарникарите за да се спречи ...
По осум дена насилни протести, албанскиот премиер Еди Рама најави регистар на лица што учествуваат во насилство, можни ограничувања за патувања и обврска родителите да ја надоместуваат штетата предизвикана од нивните малолетни деца.
Од почетокот на протестите во Албанија, на 13 октомври, повредени се вкупно 310 лица, вклучувајќи 191 полицаец, јавија албанските медиуми повикувајќи се на албанското Министерство за здравство. Само двајца од повредените се хоспитализирани.