Intel бара начин да го прошири својот дострел во повеќе пазарни сегменти за да остане конкурентен во брзорастечката технолошка индустрија. Компанијата гледа одлична иднина во платформата за Интернет на нештата, мрежите со 5G и автономните автомобили.
За време на RSA Conference 2018 која се одржа минатата недела во Сан Франциско, Intel претстави нови технологии кои ќе овозможат подобро справување со предизвиците на денешното време, а посебно по откритијата на Spectre и Meltdown .