Xiaomi Auto денес потврди дека потпиша пред-договори со 8 германски групации на дилери и дека веќе следната година ќе започне со продажба во Европа. Церемонијата на потпишување на пред-договори се одржа на IFA Berlin 2026, големиот саем за технологија и електроника во Берлин.
Шаоми Ауто, огранокот за автомобили на светскиот гигант за потрошувачка електроникa и технологија од Кина, денес го најави својот официјален почеток на европскиот пазар. Автомобилите на Шаоми ќе се продаваат на најголемите пазари во Европа, меѓу другото и Германија.