СДСМ ја обвини власта за, како што велат, оркестрирана кампања на навреди, омраза и поделби меѓу граѓаните, посочувајќи дека по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, ваков речник се промовира и на Фејсбук-профилот на вицепремиерот Иван Стоилковиќ.
Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски, на денешната прес-конференција обвини дека млади активисти на СДСМ биле физички нападнати во Ново Село додека мирно држеле транспарент поврзан со, како што наведе, состојбата со водата за пиење во Гостивар.
Соопштение за јавност на СДСМ: ВМРО-ОКГ не престанува со навреди. Мицкоски на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог”. Вчера цел ден оркестрирана кампања по директива на началникот на Мицкоски – Драган Павловиќ Латас.
Итна реакција од Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по вчерашниот инцидент во струмичко Ново Село, каде што, според партијата, млади активисти на СДСМ биле нападнати од симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ.