TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Цените на недвижностите во Србија пораснаа за повеќе од 250 отсто: Дали сопствениот дом станува мислена именка за младите?

Рацин - пред: 22 часа

Додека протестите во Шпанија поради високите кирии повторно го отворија прашањето дали сопствениот стан станува недостижна цел за новите генерации, податоците од регионот покажуваат уште по драстични скокови. Според податоците на Евростат, цените на недвижностите во Европската ...

СТАНОВИТЕ СТАНУВААТ НЕДОСТИЖНИ ЗА МЛАДИТЕ ВО ЕВРОПА Цените пораснале за над 60 отсто

Национално - 19.10.2026

Сè поскапите станови и кириите ја отежнуваат финансиската независност на младите во Европа, за кои купувањето сопствен дом сè почесто станува недостижна цел. Дел од нив се принудени подолго да живеат со родителите, други го делат станот со цимери, додека значителен број ...

Европска генерација кираџии: Зошто на младите во Европа сè потешко им е да дојдат до сопствен стан

Фактор - 18.10.2026

Растот на цените на недвижностите, поскапите станбени кредити и недоволната понуда на достапни станови го менуваат начинот на кој младите во Европа го започнуваат самостојниот живот. Додека едни сè подолго остануваат кај родителите, други издвојуваат голем дел од приходите за ...

На Балканот со родителите и по 30-тата, во Европа самостојни на 21 година

Трн - 18.10.2026

Додека младите во Финска го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 21 година, во Хрватска остануваат со родителите до 31 година. Најновите податоци на Евростат откриваат дека во Европа постојат големи разлики во тоа кога младите започнуваат самостоен живот.

Во 11 европски градови една плата не е доволна ни за кирија

Рацин - 19.10.2026

Во 11 европски градови една просечна месечна плата не е доволна за изнајмување трособен стан во центарот. Најтешка е состојбата во Лисабон, каде што на двојка со две просечни плати, по плаќањето на киријата, ѝ остануваат само 253 евра за сите други месечни трошоци.

Кириите ги надминуваат платите во 11 европски градови, Лисабон е најскап за живеење

4NEWS - 19.10.2026

Високите трошоци за домување оставаат сè помалку пари за секојдневниот живот во голем број европски градови. Во 11 од анализираните 28 градови, една просечна месечна нето-плата не е доволна за изнајмување трособен стан во центарот, а најизразен е проблемот во Лисабон, каде што ...

Купувањето стан станува недостижно за Европејците

iNFOMAX - 18.10.2026

Купувањето сопствен стан станува сè поголем финансиски предизвик, особено за младите што немаат наследен имот или поддршка од родителите. Европската комисија предупредува дека недвижностите поскапуваат побрзо од приходите, со што се продлабочува јазот меѓу оние што веќе ...

На Балканот младите живеат со родителите и по 30-тата година, становите се прескапи

Слободен Печат - 18.10.2026

Многу млади во Македонија остануваат да живеат со родителите и по 30-тата година, додека во Европската Унија младите во 2025 година го напуштале семејниот дом на просечна возраст од 26,3 години, покажуваат податоците на Евростат.