– Пораки од бројот 112 за итни случаи беа испратени до жителите и сите оние кои се наоѓаат во неколку населени места на грчките острови Парос и Андрос поради пожарите што избувнаа денеска, а активен пожар има и на островот Калимнос, додека пак на Крит што избувна вчера јужно од ...
Големи шумски пожари сè уште беснеат во неколку делови од Грција, а најлоша е ситуацијата во јужниот дел на островот Крит, во областа Ретимно, каде што пожарникарите се борат со пожарот веќе втор ден, разгорен од силните ветрови.
По морски пат, со патролен брод на крајбрежната служба на Грција и два приватни чамци беше евакуирано 51 лице од плажата Превели во јужниот дел на Крит, поради големиот пожар што избувна вчера и сè уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес предупреди дека сезоната на пожари е далеку од завршена и го започна своето обраќање пред Советот на министри изразувајќи длабока тага за пожарникарите кои вчера ги загубија животите борејќи се со пожарот.
Двајца пожарникари загинаа при интервенција на голем пожар што избувна на грчкиот остров Крит, во близина на градот Ретимнос, јави дописничката на МИА од Атина. Според неофицијални информации, нивното противпожарно возило останало заглавено меѓу огнените јазици за време на ...
Фактор - Трн - 360 степени - Независен