Кога зборуваме за исхрана, најчесто зборуваме за калории. Дали сме внеле многу или малку. Дали некоја храна „дебелее“. Дали треба да се намали лебот, благо, масно, вечера. Но телото не живее само од бројки. Не му требаат само калории, туку и материјал од кој ќе се обновува.
Кога станува збор за трендовите во исхраната , протеините моментално се во центарот на вниманието . Според експертите, ова не е само уште една краткотрајна мода, туку тренд што би можел да се задржи подолго време – и тоа со добра причина, пишува „Бостон јуниверзити“.
Голем дел од луѓето сè уште веруваат дека протеинските суплементи се резервирани само за спортисти. Реалноста е поинаква – протеините се основните градежни блокови на организмот кои влијаат врз хормоните, метаболизмот и контролата на гладта.
Кога станува збор за трендовите во исхраната, протеините моментално доминираат. А овој тренд би можел да потрае – и тоа со добра причина, вели Џоан Салџ Блејк. Ако во последно време сте биле во супермаркет, веројатно сте забележале интересна промена.