Затемнувањето на сонцето на 12 август, според астролошките толкувања, би можело да има најголемо влијание врз Лавовите, Биковите, Шкорпиите и Водолиите, додека затемнувањето на Месечината на 28 август особено ќе го почувствуваат Рибите, Близнаците, Девицата и Стрелецот.
Втората половина на август за четири хороскопски знаци ќе означи пресвртница и почеток на ново животно поглавје, пишува „Сенса“ . Завршницата на месецот носи период во кој ќе стане појасно што треба да остане во минатото, а кои одлуки повеќе не треба да се одложуваат.
Иако астрономијата предупредува дека небесните појави немаат влијание врз судбината, астролошките толкувања најавуваат бран промени и нови можности. Астролозите го поврзуваат претстојниот нексус од помрачување на Сонцето и врвот на метеорскиот дожд Персеиди со преиспитување на ...