Шпанецот доминираше во првиот сет, во кој направи два брејка и брзо поведе со 4:0, а потоа го доби со убедливи 6:1. Во вториот сет Австралиецот пружи посилен отпор, но Алкарас го направи решавачкиот брејк при резултат 5:4 и ја заврши работата по еден час и 29 минути игра.
Алекс Де Минор одигра квалитетен меч во полуфиналето на турнирот во Виена и го совлада идниот светски рекет број еден, Александер Зверев. Австралиецот се бори за место на завршниот Мастерс во Торино, а денеска оствари многу важна победа во дуелот со Зверев, кого го победи со 2:1 ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас е првиот финалист на АТП-турнирот во Виена откако во полуфиналето го совлада Русинот Данил Медведев со 2:0 во сетови, односно 6:4 и 7:6. Натпреварот траеше нешто помалку од час и половина, а Алкарас со сигурна игра успеа да го совлада противникот ...