Вработените во јавнообвинителската служба предупредуваат дека Предлог-законот за јавнообвинителска служба, во сегашната форма, не претставува реформски исчекор, туку пропуштена можност за спроведување на неопходните промени во јавнообвинителскиот систем.
Вработените во јавнообвинителската служба при сите обвинителства предупредуваат дека Предлог-законот за јавнообвинителска служба, во неговата сегашна форма, не претставува вистински реформски исчекор, туку пропуштена можност за суштински промени во јавнообвинителскиот систем.
Маја Петрова, советник-портпарол и заменик-претседател на Синдикалната организација на јавните обвинителства, упати остар и дециден апел до Собранието и Министерството за правда во врска со новиот Предлог-закон за јавнообвинителска служба.