Дискусијата за проширувањето на Европската Унија добива нова динамика преку серија „нон-пејпери“ и предлози од државите членки, поттикнати од потребата за итно решавање на статусот на Украина, но и од притисокот да се покаже конкретен успех со земјите од Западен Балкан.
Иако идеите за нов модел на проширување на Европската Унија се сè уште во својот зародиш, јасно е дека досегашниот процес е исцрпен и неодржлив за земјите од Западен Балкан, смета проф. д-р Силвана Мојсовска од Економскиот институт при УКИМ.