Со воведувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ и новиот радарски систем, контролата на воздушниот сообраќај над Македонија се подигнува на повисоко ниво, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Македонската навигација се модернизира и унапредува. Денес се објави веста дека во употреба е ставен нов АТМ систем, за кој се објасни дека „тоа не е само нова опрема туку стабилен систем врз кој треба да се развива целата воздухопловна навигација“.
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на М-НАВ. Како што соопшти Министерството за транспорт, тој ќе изврши увид во инсталираниот нов АТМ-систем и новиот радарски систем на Контролна кула Скопје.
Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и ...