Поранешниот директор на Државна Лотарија утрово во 05:35 часот се предал на Граничниот премин Долно Блаце, информираа од Министерството за внатрешни работи. Тој бил уапсен и спроведен во Казнено поправната установа Затвор Скопје.
Бајрами на чело на „Државна лотарија“ дојде на само 29 години. На функцијата генерален директор е од јануари 2022 до август 2024 година, а претходно, уште во 2020 година, беше именуван и за член и заменик-претседател на Управниот одбор, односно заменик на генералниот директор.
По Бајрами била распишана мерка „апси“ по барање на СМПС – Одделение за потраги, согласно член 354 став 5 од Кривичниот законик. Утрово во 05:35 часот, Перпарим Бајрами од Куманово, роден на 10 февруари 1993 година, самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи.
Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, утринава се предал и е лишен од слобода. Бајрами, кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба во случајот поврзан со Државна ...
Денеска (09.09.2026) во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 година. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа ...
Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој е осомничен во случајот „Државна лотарија“ а беше во бегство, утринава сам се предал. Според првичните информации, тој пристигнал пеш и се предал во својство на лице по кое е распишана мерка „апси“.