Компанијата за вселенско истражување на Space X, ќе започне со мисијата за испраќање луѓе на Марс во наредните десет години, најави денеска претседателот на компанијата Гвин Шотвел, зборувајќи на TED конференцијата во Ванкувер.
Првиот човек на компанијата „SpaceX“, Елон Маск, објави фотографија од главното тело на новиот меѓупланетарен вселенски брод кој е во фаза на изработка во неговата компанија. Фотографиите на повеќенаменскиот ракетен систем беа објавени на Instagram.