Јувентус не се откажува од намерата дополнително да го засили нападот, и покрај тоа што ова лето веќе донесе три офанзивни засилувања, Следна цел на торинскиот гигант е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе, пренесуваат италијанските медиуми.
Јувентус продолжува со потрагата по нов напаѓач. По завршувањето на трансферот на Рандал Коло Муани од ПСЖ, раководството на црно-белите работи на тоа да му обезбеди на Лучијано Спалети уште едно засилување во офанзивниот дел.