Босанската ѕвезда Един Дервишалидовиќ, познат како Дино Мерлин важи за побогат , со нето богатство кое медиумите го проценуваат на околу 100 милиони евра, додека богатството на српската поп-ѕвезда Здравко Чолиќ е помало.
Со децении важат за две од најголемите музички имиња на Балканот, распродаваат арени и заработуваат огромни хонорари, но кога станува збор за проценетото богатство, предноста, според достапните медиумски проценки, е на страната на Дино Мерлин.
Дино Мерлин одржа три концерти на стадионот Кошевo три претходни вечери, 31 јули, 1 и 2 август, што беше обележано со скандал кога на голем број луѓе со билети не им беше дозволено ниту да влезат на концертот, па скокаа и извикуваа „Дино, лопове“.