Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата дека Филипче и Зоран Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Го прашуваме директно Венко Филипче дали тој и Зоран Заев имале каква било комуникација или договор со лица блиски до Румен Радев за насочување на лекувањето на ...
Press24 - Press24 - 360 степени - Либертас
СДС повторно одигра во корист на Бугарија и директно ги омаловажи македонските државни интереси преку Венко Филипче и Зоран Заев, а единствени кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев и поранешното раководство на СДСМ, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче откако дословно ги испромовира и долго време јавно ги застапуваше позициите на Румен Радев, прво Бугари во Устав, па се друго, сака да се камуфлира во партизан, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со иронична објава на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) реагираше на обвинувањата изнесени од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски , кој го поврза со случајот на Ива Михаилова и нејзиното заминување во Бугарија.