Левица преку соопштение обвини дека бегството на Александар Лазаров – „Цуната“, по кого Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, претставува уште еден доказ за нефункционалноста на институциите и побара политичка одговорност.
Партијата смета дека се работи за класична злоупотреба на безбедносниот апарат за која мора да се сноси и политичка и кривична одговорност Опозициската СДСМ обвинува дека во Министерството за внатрешни работи (МВР) на чело со министерот Панче Тошковски се случува тотален распад.
„На наркодилерот Цуната, кој се поврзува и со ‘Пулс’, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозор во полициска станица, а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега. Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар“, коментираат ...