СДСМ преку соопштение ја обвини власта дека целиот процес поврзан со Артан Груби се одвива под нејзина контрола, оценувајќи дека доколку тој биде ослободен, одговорноста повторно ќе се обиде да се префрли врз опозицијата.
Мицкоски ја хранеше јавноста со приказната дека доаѓа власт пред која крупните риби ќе треперат, дека недопирливите од ДУИ ќе завршат зад решетки и конечно ќе се наплати секој криминал. Од сите тие ветувања и закани денес остана куп партиска хартија и еден спектакуларен автогол ...
ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица и една лага. Но, тоа не е вест. Вест би било доколку ДУИ, барем еднаш, ја кажеше вистината. Денес решиле да ги бројат седниците на Владата. И токму тука си дадоа автогол, велат од Вреди.