Струшките вечери на поезијата завршија таму каде што најприродно се слуша нивната смисла – на Мостот на поезијата во Струга, со меѓународното читање „Мостови“ и со врачувањето на највисоките фестивалски признанија. Јубилејното, 65.
Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ и „Браќа Миладиновци“, и меѓународното поетско читање „Мостови“ вечерва на Мостот на поезијата во Струга заврши 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата.
„Поетски портрет“ на добитничката на „Златен венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга, кој традиционално ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во Охрид, денеска (27 јуни) е во фокусот на програмата на Струшките вечери на поезијата.
Меѓународното поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид и посета на знаменитостите на градот се на денешната програма на 65. издание на поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата.
Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата, објавена на македонски јазик ќе биде објавена денеска на прес-конференција.