Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ. Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот, велат од СДСМ.
СДСМ преку соопштение обвинува дека во повеќе државни институции доцни исплатата на платите, а општините се соочуваат со проблеми при реализацијата на плаќањата преку Трезорот. Партијата ја поврзува состојбата со, како што наведува, сериозните проблеми во државната каса.
Платата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна ...