Терапијата за цистична фиброза достапна и за најмладите пациенти. Првпат ќе ја добиваат и децата од двегодишна возраст, како и лицата со ретки генетски мутации. Со проширување на третманот – сите 126 медицински оправдани пациенти ќе бидат опфатени со терапија.
Министерството за здравство денеска го претстави проширувањето на третманот на цистичната фиброза. Современата CFTR-модулаторна терапија сега е достапна за вкупно 126 пациенти, а во 2021 година ја добиваа тројца.
Современа модулаторна терапија е достапна за 126 пациенти со цистична фиброза. Од почетните напори за дијагностицирање, за генетска дијагностика пред девет години, до првото воведување на терапијата во 2021 година со три скромни случаи, стигнавме до 126 годинава.