Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е потпишан договор со Иран со кој се предвидува целосно отворање на стратешки важниот Ормуски теснец за меѓународната пловидба. „Многу сум среќен што можам да го кажам ова: Договорот е целосно потпишан.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека договорот со Иран е потпишан и дека неговата содржина ќе биде објавена по официјалната церемонија закажана за петок. Тој додаде дека Ормускиот Теснец ќе биде целосно отворен за пловидба, пренесува „Ројтерс“.
Независен - Економија и Бизнис - Слободен Печат - Deutsche Welle - Сакам да кажам - Мета
Портпаролот на иранското м инистерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, кажа дека Оман и Иран ќе преземат неопходни мерки за да обезбедат безбеден премин на бродовите низ Ормускиот Т еснец откако САД и Иран постигнаа првичен договор за крај на војната.
iNFOMAX - iNFOMAX - Слободен Печат - Во Центар - Фокус - Пулс24
Иранското Министерство за надворешни работи објави дека ќе побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да го ратификува конечниот договор со САД, кој ќе вклучува детали за иранската нуклеарна програма.
Текстот на Меморандумот за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ќе биде јавно објавен, најверојатно по формалната церемонија на потпишување планирана за петок, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Доналд Трамп, Џеј-Ди Венс и спикерот на иранскиот парламент Мохамад Багер Калибаф по електронски пат го потпишале меморандумот за разбирање, а церемонијата на официјално потпишување ќе се одржи в петок во Женева, кажаа од Белата куќа.
Проверено - Национално - iNFOMAX - ПРВ.мк - iNFOMAX - Национално
Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека Меморандумот за разбирање, објавен од Техеран и Вашингтон во понеделник наутро, ќе ја заврши војната на сите фронтови, вклучително и во Либан. Во соопштение објавено во недела навечер, Секретаријатот на Врховниот ...