Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи да инвестира во здравствениот систем, современа медицинска опрема, нови технологии и усовршување на медицинскиот кадар, со цел натамошен развој на трансплантациската медицина во земјата.
Денеска во 15:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на трибина посветена на органодарителството и значењето на трансплантацијата во амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје.