Во модата постојат креации кои привлекуваат внимание со раскош, драматика и впечатливи детали. Но постојат и оние парчиња чија сила лежи во суптилноста. Токму таму, во просторот меѓу минимализмот и префинетоста, со години успешно се движи брендот ...
ELENA LUKA со години успешно го гради својот препознатлив моден идентитет токму преку една одлична филозофија, спојувајќи висока мода, прецизна изработка и современа ready-to-wear естетика во колекции што носат јасна визија и карактер.
Препознатлив по врвниот квалитет на изработка, вниманието кон деталите и автентичниот дизајнерски потпис, брендот ELENA LUKA со секоја нова колекција носи свежа естетика и современ поглед кон женственоста.